19 мај 2020 (МИА)
1536.- Отсечена и била главата на Ана Болен, втората жена на англискиот крал Хенри Осми, четири дена откако судот „востановил“ дека е виновна за прељуба и инцест.
1649.- За првпат бил употребен називот „Комонвелт“, со кој Оливер Кромвел ја означил англиската република. На империјалната конференција во 1926 година бил усвоен називот „Комонвелт нација“, кој од 1931 година се користел наместо називот Британска империја.
1762.- Роден е Јоахн Готлиб Фихте, еден од најистакнатите претставници на германската класична филозофија. Тој извршил големо влијание врз германскиот романтизам. Умрел во Берлин, на 27 јануари 1914 година.
1802.- Наполеон Бонапарта во Франција го востановил Орденот на легија на честа за цивилни и воени заслуги.
1825.- Умрел францускиот социјалист Клод Анри Сен Симон. Тој сметал дека традиционалната држава треба да биде заменета со индустриското општество, а аристократите, војниците и бирократите треба да им го отстапат местото на индустријалците, работниците и селаните. Дела: „Индустриски систем“, „Индустријата и политичките, моралните и филозофски разговори во интерес на сите луѓе оддани на корисната работа и независност“, „Ново христијанство“, „Стар и нов политички систем“.
1861.- Родена е австралиската пејачка Хелен Потер Мишел, позната како Нели Мелба, една од најголемите оперски сопрани на крајот од 19. и почетокот на 20 век. Со голем успех со децении настапувала скоро во сите најголеми оперски куќи во светот, вклучувајќи ги и лондонскиот Ковент Гарден и њујоршката Метрополитен опера.
1906.- Официјално бил отворен тунелот Симплон под Алпите меѓу Италија и Швајцарија, долг 19,77 километри.
1912.- Умрел полскиот писател Болеслав Прус, најзначаен полски реалист. Во делата пишувал за борбата на Полјаците против германизацијата. Дела: „Кукла“, „Вал се враќа“, „Мртва стража“, „Еманципирана жена“, „Фараон“, „Станар во поткровјето“, „Јакубовиот сон“, „Балски фустан“, „Проклета среќа“, „Ситници“, „Вечерни приказни“.
1925.- Роден е американскиот борец за граѓанските права на црнците со африканско потекло, Малколм Литл, познат како Малколм Екс. Беил убиен во Њујорк во февруари 1965 година додека држел говор пред насобраните приврзаници.
1930.- Белите жени во Јужна Африка се здобиле со право на глас.
1935.- Во сообраќајна несреќа загинал британскиот полковник Томас Едвард Лоренс, познат како Лоренс од Арабија, археолог, истражувач, писател и борец. Се истакнал во борбите на Блискиот Исток во текот на Првата светска војна, кога ги собрал Арапите кои биле непријателски расположени спрема Турција. Напишал сеќавања - „Востание во пустина“.
1910.- Во Штип бил роден Љупчо Арсов, народен херој на Југославија, од Македонија. Бил член на Второто заседание на АВНОЈ, на Првото, на Второто и на Третото заседание на АСНОМ, потпретседател на првата Влада на ДФ Македонија. Умрел во Скопје, на 8 ноември 1986 година.
1965.- Умрела Марија Домбровска, полска писателка. Продолжувајќи ги најубавите традиции на полскиот класичен реализам пишувала романи, приказни, есеи и друго. Родена била во 1889 година.
1989.- Во време на крвавите студентски демонстрации во Пекинг бил сменет генералниот секретар на Комунистичката партија на Кина Џао Цијанг, бидејќи се спротивставил на вонредните мерки и примената на сила против демонстрантите.
1990.- Во Велес било формирано Движењето на екологистите на Македонија (ДЕМ) кое во 1993 година било примено во најпознатите европски и светски асоцијации.
1994.- Умрела поранешната американска „прва дама“ Жаклина Кенеди Оназис, сопруга на претседателот на САД Џон Кенеди, кој бил убиен во 1963 година. Пет години подоцна Жаклина се омажила за грчкиот бизнисмен Аристотел Оназис.
2000.- Маскирани луѓе упаѓајќи во зградата на собранието на Фиџи ги заробија пратениците и членовите на владата, вклучувајќи го и претседателот на владата на таа островска пацифичка земја. Водачот на ударот објавил дека владејачката коалиција го дискриминирала автохтоното домо
2002.- Во Скопје, во салата на СРК „Кале“, во финалниот реванш натпревар на Лигата на европските шампионки во ракомет, ракометарките на Кометал Ѓорче Петров го победиле првакот на Унгарија ХЕРЗ Ференцварош со 26:22 и станале европски клупски шампионки.
2011.- Починал д-р Лазар Китаноски, професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, поранешен пратеник и министер за одбрана. Китаноски бил роден на 25.04.1948 година во Охрид. Основно, средно образование и Правен факултет завршил во Скопје. Ги извршувал следните државни функции: министер за одбрана во Владата на Република Македонија (1997-1998), пратеник во Собранието на Република Македонија (1998-2002), советник за национална безбедноста на претседателот на Владата на Република Македонија (2002-2004), советник за национална безбедност на Претседателот на Република Македонија (во 2004), директор на Агенцијата за разузнавање (2004-2006) и пратеник во Собранието на Република Македонија (2006-2008).
###