• сабота, 21 декември 2024

На денешен ден

На денешен ден
23 јули 2022 (МИА) 1757.- Во Мадрид умрел Доменико Скарлати, италијански чембалист и композитор, оргулист и диригент. Напишал 555 сонати за чембало во рок-стил. Роден бил во Неапол, на 26 октомври 1685 година. 1759.- Русите во Седумгодишната војна, под команда на генералот Петар Салтиков, ја победиле пруската армија во битката кај Каја, на исток од тогашната Прусија. Во битката загинале најмалку 6.000 Пруси. 1875.- Умрел американскиот пронаоѓач Ајзак Мерит Сингер (Исак Мерит) кој во 1851 година развил прва шивачка машина која влегла во масовна употреба. 1914.- По убиството на надвојводата Фердинанд во Сараево, Австро-унгарската монархија и упатила ултиматум на Србија, обвинувајќи ја како главен организатор во сараевскиот атентат. Србија, по совет на царска Русија, го прифатила речиси во целост, со исклучок на барањето на истрагата за атентатот на територија на Србија да ја вршат австроунгарските чиновници. За Австро-унгарската монархија тоа бил доволен повод пет дена подоцна да и објави војна на Србија. Со тоа почнала Првата светска војна. 1916.- Умрел шкотскиот физичар Вилијам Ремзи, добитник на Нобеловата награда за хемија во 1904 година. Го испитувал молекуларниот состав на чистите течности и ги открил гасовите хелиум, агрон, криптон, неон и ксенон. Докажал дека хелиумот се создава при радиоактивно распаѓање на радиумот. 1942.- Во Софија, бугарските фашисти ги стрелале Никола Јонков Вапцаров, бугарски и македонски поет, есеист, новинар и револуционер. Еден е од основоположниците на Македонскиот литературен кружок во Софија (1938-1941). Во 1940 година ја издал својата единствена стихозбирка „Моторни песни“. Роден бил во Банско, на 7 декември 1909 година. Истиот ден биле стрелани и Антон Попов, бугарски и македонски револуционер, писател и публицист, и Атанас Романов, македонски патриот. 1942.- Почнала Сталинградската битка меѓу германските фашисти и советската армија. 1948.- Умрел американскиот филмски режисер Дејвид Ворк Грифит, еден од најзначајните филмски творци во ерата на немиот филм. Филмови: „Нетрпеливост“, „Бегство“, „Големата љубов“, „Падот на Вавилон“, „Америка“, „Абрахам Линколн“. 1951.- Во затвор умрел францускиот маршал Анри Филип Петен, точно шест години откако бил изведен пред суд под обвинение дека во Втората светска војна извршил предавство на Франција. Славниот војник од Првата светска војна соработувал со Адолф Хитлер и бил на чело на квислиншката Влада во Виши поради што бил осуден на смрт, но поради претходните заслуги казната му била заменета со доживотен затвор. 1951.- Умрел Роберт Флаерти, американски филмски режисер, снимател, писател, еден од пионерите и најзначајните создавачи на документарниот филм. Најпознати му се филмовите „Нанук од север“, „Моана“, „Човекот од Аран“, „Земја“ и „Приказна од Луизијана“. Роден бил во 1884 година. 1962.- Првпат во историјата бил остварен директен телевизиски пренос преку Атлантикот. Преносот бил извршен со помош на телекомуникациониот сателит „Телстар“. 1992.- Во Скопје била формирана Комора на приватниот капитал на Македонија. 1993.- Во Охрид умрел Петар Калајџиски, еден од истакнатите претставници на македонското копаничарство, член на ДЛУМ. Роден бил во 1914 година. 1993.- Република Македонија станала 138 членка на Светската организација за интелектуална сопственост. 2001.- На македонско-албанската граница, кај месноста Рибница, било пукано врз патрола на АРМ, при што загинал Миле Гиновски (на 43 години) од Кичевско, припадник на АРМ. 2001.- При одбраната на село Лешок, Тетовско, од албанските терористи бил убиен Ѓоко Лазаревски (роден 1927 година), припадник на МВР на РМ. 2007.- Умре рускиот режисер Александар Татарски, автор на повеќе стотици анимирани филмови и творец на првото руско независно студио „Пилот“. Автор бил на проектот „Русија во анимација“. ###

Остани поврзан