• понеделник, 25 ноември 2024

Надал на списокот учесници на турнирот во Доха

Надал на списокот учесници на турнирот во Доха

Доха, 23 јануари 2024 (МИА) – Шпанскиот тенисер Рафаел Надал би можел да се врати на теренот во февруари, откако неговото име се најде на списокот учесници на турнирот во Доха.

Надал на почетокот на овој месец, по едногодишна пауза поради повреда, се врати на тенискиот терен на турнирот во Бризбејн, но во четвртфиналето го повреди мускулот на колкот и се повлече од настап на Австралија Опен.

Се шпекулираше дека повторно го очекува долга пауза, но Надал е пријавен за настап на турнирот од серијата 250 што стартува во Доха на 19 февруари.

На списокот учесници на турнирот во Дога, меѓу другите, се Данил Медведев, Андреј Рубљов и Енди Мареј. ег/

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан