• понеделник, 23 декември 2024

Надал е близу до состојба на сериозен психолошки замор

Надал е близу до состојба на сериозен психолошки замор
Мадрид, 22 јуни 2021 (МИА) - Тренерот на Рафаел Надал, Карлос Моја ја коментираше одлуката на 20-кратниот шампион на Грен слем турнирите да ги пропушти Вимблдон и Олимписките игри. - Сезоната на земјени терени се покажа како многу тешка, со голем физички и психолошки притисок. По Ролан Гарос, Рафа беше целосно исцрпен. Сега тој има заслужен одмор. Кариерата за врвен играч е маратон, трка на долги патеки со тешки одлуки што треба да се донесат и тој одлучи дека е најдобро да застане за да ги наполни батериите. Пред две години, Рафа достигна точка на екстремен психолошки замор, од кој беше многу тешко да се излезе. За жал, тој сега е повторно близу до таа состојба. Тој не може да си дозволи да игра Грен слем ако не е 100% подготвен, изјави Моја. Поразот против Ѓоковиќ не влијаеше на одлуката на Надал. - Загубеното финале не беше клучно, колку фактот дека оваа година има уште една недела помалку да се подготвиме за Вимблдон од вообичаеното, додаде Моја. Надал по завршувањето на Ролан Гарос соопшти дека нема да учествува на Вимблдон и на Олимпијадата во Токио. зс/

Остани поврзан