• понеделник, 23 декември 2024

Надал вели дека речиси е заздравен од лекувањето на стапалото

Надал вели дека речиси е заздравен од лекувањето на стапалото
Мадрид, 26 јуни 2022 (МИА) - Шпанскиот тенисер Рафаел Надал раскажа како се чувствува по зафатот на стапалото. - Веќе можам да одам нормално. Ова е главната работа. Кога ќе се разбудам, веќе ја нема болката што ја доживеав изминатава година и пол, па затоа сум многу среќен. Севкупно сум подобар. Немаше ниту еден од тие страшни денови во последните две недели каде што воопшто не можам да се движам, изјави Надал за „Tennis Majors“. За време на Ролан Гарос 2022 година, кај тенисерот се влоши старата повреда на стапалото. Триесет и шестгодишниот тенисер неодамна продолжи со тренинзите откако беше подложен на третман со радио-френкфетни зрачења во Барселона. зс/

Остани поврзан