• вторник, 24 декември 2024

Награден конкурс за најдобра беседа „Како против пизмата“ во чест на Григор Прличев

Награден конкурс за најдобра беседа „Како против пизмата“ во чест на Григор Прличев

Охрид, 18 декември 2023 (МИА) – Градската библиотека „Григор Прличев“ распиша Конкурс за избор на најдобра беседа посветена големиот поет и преродбеник, патронот Григор Прличев, на тема „Како против пизмата?“.

На Конкурсот можат да се пријават заинтересирани млади автори на возраст меѓу 15 и 30 годиини, државјани на Република Северна Македонија.

Според пропозициите, беседата „Како против пизмата?“ не смее да биде поголема од три илјади зборови и треба да е напишана во фонтот „ariel 12“. Авторските текстови не смеат да имаат во себе  политичка, етничка и верска содржина,  туку треба да носат универзална порака за мир, љубов, соработка и претходно да не се публикувани…

Комисијата ќе ја оценува нивната уметничка, јазична и естетско – етичка содржина.

Беседите до Комисијата се испраќаат исклучиво под шифра и авторот треба да ја наведе само возраста.

Авторските трудови кандидатите да ги достават во печатена форма во три примероци до НУ Библиотека „Григор Прличев“ ул. „Македонски Просветители“ бр. 2 Охрид, 6000, а Конкурсот е отворен до 15  јануари 2024 година.

Шифрите на трите наградени Беседи ќе бидат објавени најдоцна до 2 февруари наредната година на интернет-страницата на Библиотеката и преку медиумите.

Наградите на најдобрите тројца автори кои со посeбeн примерок ќе го докажат авторството ќе им бидат врачени на манифестацијата „Прличеви беседи“. аб/цр

фото: Градска библиотека „Григор Прличев“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан