• среда, 21 август 2024

Награда на германските медиуми „М100“ годинава ја добиваат Вјоса Османи и Доналд Туск

Награда на германските медиуми „М100“ годинава ја добиваат Вјоса Османи и Доналд Туск

Берлин, 21 август 2024 (МИА) - Добитници на годинашната награда на медиумската конференција „М100“ во Потсдам се претседателката на Косово, Вјоса Османи, и премиерот на Полска, Доналд Туск, соопшти денеска Мајк Шуберт, градоначалникот на малиот град во близина на Берлин.

Двајцата лауреати даваат „непроценливи гласови за поддршка на нашето слободно демократско општество“, објасни Шуберт, пренесе ДПА.

Туск е „неуморен борец против автократијата“, а Османи „одлучно се залага за демократија во регион кој долго време е зафатен од конфликти“, додаде тој.

Медиумската награда „М100“, според организаторите, им оддава почит на храбрите жени и мажи кои се борат против угнетувањето и се залагаат за слободата и човековите права.

Наградите кои не се проследени со паричен бенефит ќе бидат доделени на 12 септември. На церемонијата во Потсдам ќе зборува и германскиот канцелар Олаф Шолц, најавија организаторите.

Од 2005 година, медиумската награда „М100“ ја доделува жири составено од новинари од целиот свет, а минатата година му беше доделена на движењето „Жени, живот и слобода“, од Иран.сд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан