• понеделник, 23 декември 2024

Нагелсман реши да му сврти грб на Баерн и да остане на чело на Германија

Нагелсман реши да му сврти грб на Баерн и да остане на чело на Германија

Минхен, 19 април 2024 (МИА) - Германскиот фудбалски селектор Јулијан Нагелсман, кој е на чело од крајот на септември, го продолжи договорот до крајот на Светското првенство во 2026 година во САД, Мексико и Канада, соопшти во петокот германската фудбалска федерација.

Младиот стручњак беше изненадувачки отстранет од Баерн Минхен во март 2023 година, преземајќи ја репрезентацијата на земјата половина година подоцна. Неговиот договор беше првично до крајот на Европското првенство во Германија летово. Федерацијата му понуди да остане на чело на Бундестимот по престижните победи на контролните против Франција и Холандија минатиот месец.

Во меѓувреме, Баерн Минхен влегол во преговори со Јулијан Нагелсман за повторно преземање на Баварците од летото - 15 месеци откако беше отпуштен - но тренерот очигледно оставил лош впечаток за некои од раководството на најуспешниот германски клуб.

Агентот на тренерот вчера призна дека се водат преговори не само со Баерн Минхен, но на крајот, Нагелсман се решил да остане на чело на Германија. дс

Фото: Твитер/Германска фудбалска федерација

Остани поврзан