• петок, 26 април 2024

Нагелсман пред дилема - или репрезентација или Баерн

Нагелсман пред дилема - или репрезентација или Баерн

Минхен, 18 април 2024 (МИА) - Џулијан Нагелсман во следните неколку дена ќе одлучи дали ќе остане на чело на репрезентацијата на Германија или ќе се врати во Баерн Минхен.

Телевизијата „Скај“ го цитира агентот на фудбалерот Волкер Шрут, кој, сепак, наведува дека се водат преговори не само со Баерн, а наскоро ќе биде донесена одлука.

-Тоа ќе биде решено наскоро. Во следните пет, шест, седум дена. Би било целосно бесмислено да се каже дека нема интерес од странски земји. Можам да кажам дека интересот не е само од Баерн Минхен. Би било травестија да се каже дека не преговараме. Се разбира, водиме дискусии, вели Шрут.

Триесет и шест годишниот Нагелсман го водеше Баерн пред да стане селектор на репрезентацијата со договор до крајот на Европското првенство. Германската фудбалска федерација сака да го задржи по импресивните победи над Франција и Холандија минатиот месец.

На Баерн ова лето му треба нов тренер, бидејќи наследникот на Нагелсман, Томас Тухел ќе си замине на крајот од договорот. Јирген Клоп и Чаби Алонсо нема да дојдат во клубот, а Нагелсман е главен фаворит за камбек.

Нагелсман веќе изјави дека сака да ја „среди“ својата иднина пред почетокот на Европското првенство.дс

Фото: Архива

Остани поврзан