• петок, 26 април 2024

Навивачи на Ајнтрахт предизвикаа хаос во Неапол

Навивачи на Ајнтрахт предизвикаа хаос во Неапол
 Неапол, 15 март 2023 (МИА) - Повеќе стотици навивачи на Ајнтрахт од Франкфурт предизвикаа  големи нереди пред дуелот кој вечерва бундеслигашот го игра против Наполи во Неапол во рамки на Лигата на шампиони. 
Околу 600 навивачи на Ајнтрахт попладнево пристигнаа на југот на Италија, во најголем број со возови, и покрај забраната што претходно ја воведоа локалните власти, стравувајќи од нарушување на јавниот ред. 

Поприште на инцидентите беше строгиот центар на Неапол каде германските навивачи се судрија со полицијата. На снимките објавени на социјалните мрежи може да се види полициско возило во пламен, додека навивачите каменуваат автобуси и демолираат објекти.
"Ова не се навивачи, тие се криминалци, разбојници. Се прашувам дали би го направиле истиот неред во Германија", напиша на Инстаграм потпретседателот на италијанската Влада, Матео Салвини. ег/

Остани поврзан