• понеделник, 01 јули 2024

Навивачите на Манчестер јунајтед можат бесплатно да ги разменат дресовите од Гринвуд

Навивачите на Манчестер јунајтед можат бесплатно да ги разменат дресовите од Гринвуд
Манчестер, 3 февруари 2022 (МИА) - Навивачите на Манчестер јунајтед ќе можат бесплатно да ги заменат своите дресови со името на Мејсон Гринвуд, објави „Дејли мејл“ повикувајќи се на портпарол на клубот. Вчера 20-годишниот Англичанец беше пуштен од притвор со кауција. Тој е осомничен за физички напад, сексуален напад и смртни закани кон неговата девојка. Во понеделникот, клубот ја отстрани целата продукција поврзана со Гринвуд од клупскиот сајт, при што некои навивачи ги вратија во фаншопот на Јунајтед со името на напаѓачот. зс/

Остани поврзан