Навас незадоволен од минутажата во ПСЖ
- Голманот на Пари Сен-Жермен, Кејлор Навас призна дека е незадоволен од минутажата во тимот од Париз.
Париз, 21 април 2022 (МИА) - Голманот на Пари Сен-Жермен, Кејлор Навас призна дека е незадоволен од минутажата во тимот од Париз.
Тој исто така додаде дека има добри односи со другиот голман на тимот, Џанлуиџи Донарума.
- Треба да научам многу работи. Џиџи и јас имаме добри односи и нема никакви проблеми со него. Се разбира, сè уште сакам да играм. На крајот на краиштата, ако има ситуација како оваа сезона, ќе биде тешко. Ајде да видиме што ќе се случи во иднина. Моето семејство е среќно овде, јас сум среќен во Париз. Добро се однесуваат со мене, но на овој или оној начин, сè мора да се промени, изјави Навас на тамошнити новинари.
Репрезентативецот на Костарика оваа сезона забележа 23 настапи во сите натпреварувања, додека Донарума 22. зс/