• петок, 05 декември 2025

МЈА: Министерот Минчев не мислеше за нов закон за употреба на јазиците, туку за законот за правична застапеност во јавниот сектор

МЈА: Министерот Минчев не мислеше за нов закон за употреба на јазиците, туку за законот за правична застапеност во јавниот сектор

27 октомври 2026 

известување од Министерството за јавна администрација:

Не се работи за нов Закон за употреба на јазиците, туку за Законот за правична застапеност кој е испратен на мислење во Венецијанската комисија


Во врска со објавените интерпретации на изјавата на министерот за јавна администрација Горан Минчев, појаснуваме дека во гостувањето на Дневникот на Сител, министерот не мислеше за нов Закон за употреба на јазиците, туку за Законот за правична застапеност во јавниот сектор, кој е во завршна фаза на подготовка и испратен до Венецијанската комисија на мислење. Станува збор за очигледен лапсус, техничка грешка во изразувањето, кој дел од медиумите го пренесоа. Се извинуваме за настанатата грешка и за евентуалните недоразбирања што можеле да произлезат од неа, се вели во соопштението од МЈА, што МИА го објавува интегрално.

Ви благодариме на разбирањето.


Со почит,

Кабинет на Министер за Јавна Администрација

фото: МИА архива 

Остани поврзан