• четврток, 16 април 2026

Муцунски: Ќе бидеме прва земја во Европа која во мандатот на оваа администрација ќе оддржи стратешки дијалог со САД во Вашингтон

Муцунски: Ќе бидеме прва земја во Европа која во мандатот на оваа администрација ќе оддржи стратешки дијалог со САД во Вашингтон

Скопје, 27 март 2026 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски вечерва рече дека партнерството со САД е стратешко и од клучно значење за државата.

Во гостувањетона „Топ Тема“, Муцунски најави дека на 7 април Македонија ќе одржи сесија на Стратешкиот дијалог во Вашингтон. Делегацијата што ќе патува во САД, ќе биде предводена од него, а во неа ќе бидат вклучени и министрите за внатрешни работи, одбрана, дигитална трансформација и енергетика. 

-Најбрзо што можеме, треба да ја решиме оваа ситуација, но никој не ни укажал на рокови, а и некој да се обиде да ни направи таков притисок, тоа нема да вроди со успех. Имаме кристално јасни

-Ќе бидеме прва земја во Европа која во рамки на оваа администрација ќе има сесија на стратешки дијалог во Вашингтон, потенцира министерот.

Муцунски изрази очекување дека Стратешкиот дијалог ќе отвори сериозни дискусии во областа на одбраната и безбедноста, трговската и економската соработка, како и дека ќе донесе конкретни бенефити за граѓаните. мч/дма/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан