• недела, 19 мај 2024

Муцунски, Ѓорѓиевски и Коњановски учествуваат во програмата за меѓународни лидери на Владата на САД

Муцунски, Ѓорѓиевски и Коњановски учествуваат во програмата за меѓународни лидери на Владата на САД

Скопје, 11 септември 2023 (МИА) - Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски се во повеќедневна посета на САД.

Како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, на покана на Амбасадата на САД во државава и Американскиот Стејт Департмент, Муцунски, Ѓорѓиевски и Коњановски учествуваат во програмата за меѓународни лидери на Владата на САД.

-Во рамките на нивната посета тие остварија повеќе средби со високи претставници на Стејт Департмент, бизнис заедницата како и тинк-тенк организации во Вашингтон. Клучна тема во нивните разговори беше потребата од засилена борба против корупцијата во Македонија, се наведува во соопштението.

Во следните денови Муцунски, Ѓорѓиевски и Коњановски ќе ги посетат градовите Питсбург и Феникс каде со свои соговорници од локалната власт во овие градови ќе дискутираат за создавањето на добри практики во работата на локалната самоуправа. дма/лв/

Фото:ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан