Муцунски: Економската и трговската соработка во фокус на средбата со државниот секретар Хакан Јеврел
- Во рамки на посетата на Шведска, остварив средба со државниот секретар за меѓународна развојна соработка и надворешна трговија, Хакан Јеврел, објави министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски на неговиот фејсбук профил.
Скопје, 13 мај 2025 (МИА) - Во рамки на посетата на Шведска, остварив средба со државниот секретар за меѓународна развојна соработка и надворешна трговија, Хакан Јеврел, објави министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски на неговиот фејсбук профил.

- Разговаравме за унапредување на економската и трговската соработка меѓу двете земји, потенцијалот за нови шведски инвестиции и поволностите што ги нуди нашата држава за инвестирање. Ја потврдивме подготвеноста за заеднички напори во насока на привлекување инвестиции и натамошно продлабочување на економските односи, напиша Муцунски на фејсбук. цр/
Фото: фејсбук на министерот Тимчо Муцунски