• петок, 05 декември 2025

Муцунски во Брисел на неформална вечера на Советот за надворешни работи на ЕУ

Муцунски во Брисел на неформална вечера на Советот за надворешни работи на ЕУ

Скопје, 19 ноември 2025 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска во Брисел ќе присуствува на неформалната вечера на Советот за надворешни работи на Европската Унија, по покана на високата претставничка на ЕУ, Каја Калас.

Како што соопшти МНРиНТ, настанот ги обединува министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ и на земјите од Западен Балкан.

На состанокот е предвидено да се разговара за унапредување на соработката меѓу Европската Унија и регионот, со акцент на безбедноста, одбраната, справувањето со хибридните закани и зајакнувањето на демократската отпорност.

-Во рамки на посетата на Брисел, министерот Муцунски ќе има и одвоени средби со европската комесарка за проширување, Марта Кос, како и со Глен Микалиф, европски комесар за меѓугенерациска правичност, млади, култура и спорт, стои во соопштението на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. нд/вг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан