• вторник, 08 октомври 2024

Мухова се повлече од турнирот во Вухан, на нејзино место ќе дојде Рахимова

Мухова се повлече од турнирот во Вухан, на нејзино место ќе дојде Рахимова

Вухан, 8 октомври 2024 (МИА) - Чешката тенисерка Каролина Мухова се повлече од турнирот во Вухан.

Во првото коло 31-от светски рекет требаше да се сретне со Јапонката Мојука Учиџима. 

Замената за Мухова е руската тенисерка Камила Рахимова. Русинката која е 66. на ВТА ранг-листата, стигна до последното квалификациско коло на турнирот во Вухан, каде загуби од Американката Бернарда Пере.

Мухова минатиот викенд играше во финалето на Мастерс 1000 турнирот во Пекинг 2024 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан