Муртезани се сретна со претставници на Европската агенција за дроги (EUDA)
- Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска се сретна со претставници на Европската агенција за дроги (EUDA), на која се разговараше за продлабочување на институционалната соработка и усогласување со европските стандарди во борбата против трговијата со дрога.
Скопје, 14 мај 2025 (МИА) - Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска се сретна со претставници на Европската агенција за дроги (EUDA), на која се разговараше за продлабочување на институционалната соработка и усогласување со европските стандарди во борбата против трговијата со дрога.
На средбата, како што информира Министерството за европски прашања, се разговараше за значењето на навремената размена на информации преку европскиот систем за рано предупредување и за улогата на земјите кандидатки за членство во ЕУ во заедничките напори за заштита на јавното здравје и јакнење на безбедноста во регионот и пошироко во Унијата.

-Соговорниците ја нагласија потребата од зајакнување на капацитетите на националните институции, како и на важноста од постоење на функционален систем за рано предупредување и мониторинг, согласно европските практики. Тие ја реафирмираа заедничка посветеност кон европските вредности, при што беше изразена подготвеност за натамошно продлабочување на техничката и експертската соработка меѓу Северна Македонија и EUDA, како дел од поширокиот процес на евроинтегрирање, се вели во соопштението. мд/нд/
Фото: Министерство за европски прашања