Муртезани во Мадрид се сретна со генералниот секретар на Меѓународна фондација за јавна администрација
- Тековниот напредок и клучните предизвици во процесот на реформата на јавната администрација (РЈА) во Северна Македонија биле тема на средбата што денеска ја имал министерот за европски прашања, Орхан Муртезани со генералниот секретар на Меѓународната фондација за јавна администрација (FIAP), Тобијас Јунг Алтроге, во рамки на работната посета на Мадрид.
Скопје, 29 мај 2025 (МИА) - Тековниот напредок и клучните предизвици во процесот на реформата на јавната администрација (РЈА) во Северна Македонија биле тема на средбата што денеска ја имал министерот за европски прашања, Орхан Муртезани со генералниот секретар на Меѓународната фондација за јавна администрација (FIAP), Тобијас Јунг Алтроге, во рамки на работната посета на Мадрид.
Министерот Муртезани информирал за тековните активности и високото политичко внимание што му се посветува на процесот на реформа на јавната администрација, преку работата на Советот за реформа на јавна администрација, кој е под раководство на претседателот на Владата.
-Од конститутивната седница на Советот, одржана по усвојувањето на новата Стратегија за реформа на јавната администрација 2023 - 2030, се преземаат активности за нејзина имплементација, мониторинг и евалуација преку утврдениот систем за следење и известување, инфомираат од Министерството за европски прашања.
Муртезани и Алтроге разговарале и за донесувањето на новите закони за административни службеници и вработени во јавниот сектор, како и за предизвиците што произлегуваат од спроведувањето на активностите предвидени со Акцискиот план за спроведување на Стратегијата за РЈА.
Биле разменети и ставови околу можностите за продлабочена соработка со FIAP, со цел размена на меѓународни искуства, унапредување на капацитетите на јавната администрација и следење на најдобрите практики во јавната администрација. сст/
Фото: МЕП