• среда, 13 ноември 2024

Мурињо сака да привлече поранешна ѕвезда на Њукасл во Фенербахче

Мурињо сака да привлече поранешна ѕвезда на Њукасл во Фенербахче

Истанбул, 9 јули 2024 (МИА) - Турскиот гигант Фенербахче сака да го ангажира Ален Сен Максимин. Тренерот на тимот од Истанбул, Жозе Мурињо, го посочи како една од неговите главни трансфер цели, објави Скај Спортс.

Дваесет и седум-годишниот офанзивец е во сопственост на Ал Ахли, има 31 настап и постигна 4 гола минатата сезона. За да се раздели со него, саудискиот тим бара најмалку 18 милиони евра. Самиот играч изрази желба да се врати на Стариот континент бидејќи сака да игра на европските клупски турнири.

Крилниот напаѓач остави најголема трага во Њукасл Јунајтед. Во периодот 2019-2023 година беше дел од „страчките“, одигра 124 натпревари и постигна 13 голови.

Тој стигна и до финалето на Лига купот, кое „црно-белите“ го загубија од Манчестер Јунајтед. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан