• понеделник, 01 јули 2024

Мурињо го состави идеалниот тим со играчи кои ги тренирал

Мурињо го состави идеалниот тим со играчи кои ги тренирал
Лондон, 30 март 2020 (МИА) – Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо го состави најдобиот тим на фудбалерите кои ги тренирал во својата кариера. Најголем број од играчите се од Челзи, додека од Порто и Интер со кои ја освои Лигата на шампионите има само по еден претставник. Идеалниот тим на Мурињо изгледа вака: голман: Петр Чех; одбрана: Хавиер Занети, Џон Тери, Рикардо Карваљо, Вилијам Галас; среден ред: Клод Макелеле, Френк Лампард, Месут Озил, Еден Азар; напад: Дидие Дрогба, Кристијано Роналдо. Мурињо пред Тотенхем ги предводеше Порто, Челси, Реал Мадрид и Интер. зс/

Остани поврзан