• четврток, 12 септември 2024

Мурињо го критикува Осимен: Одличен играч, но премногу симулира

Мурињо го критикува Осимен: Одличен играч, но премногу симулира

Истанбул, 12 септември 2024 (МИА) - По пропаѓањето на трансферот во Саудиска Арабија и откажувањето на Наполи од својата ѕвезда, Виктор Осимен на крајот од летниот преоден рок беше позајмен во Галатасарај.

Имаше шпекулации дека тој има опција да премине кај лутиот конкурент, Фенербахче и да заигра под палката на Жозе Мурињо.

Секако, тоа не го спречува трофејниот португалски тренер гласно да се изјасни што апсолутно не може да поднесе кај напаѓачот.

-Осимен е одличен играч. Немам проблем со Виктор, всушност имаме многу добри односи, но секогаш кога тој е на теренот, разговарам со него бидејќи не ми се допаѓа како се однесува. Тој премногу симулира. Последен пат кога Рома и Наполи играа, јас разговарав со него и му реков: „Ти си еден од двајцата најдобри фудбалери во Африка. Тоа сте ти и Салах. Во минатото тоа беа Дрогба, Самуел Ето и Жорж Веа, затоа не можеш така да се однесуваш“. Симулира премногу и тоа е мојот проблем со него, изјави Мурињо за „ХТ спор“. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан