• петок, 05 декември 2025

Мунтеану е новиот премиер на Молдавија

Мунтеану е новиот премиер на Молдавија

Кишињев, 31 октомври 2025 (МИА) – Парламентот на Молдавија во вторник го одобри назначувањето на проевропскиот економист Александру Мунтеану за нов премиер на земјата.

Мунтеану, кој е и основач на инвестициска фирма, никогаш претходно не извршувал политичка функција. Работел во странство околу 20 години.

Претседателката на Молдавија, Маја Санду претходно потпиша указ со кој го именуваше Мунтеану. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан