Мундобаскет 2023 година ќе се одржи од 25 август до 10 септември
- Светската кошаркарска федерација ги објави датумите за Светското првенство во 2023 година. Турнирот ќе се одржи од 25 август до 10 септември, според официјалната веб-страница на организацијат

Миес, 11 мај 2020 (МИА) – Светската кошаркарска федерација ги објави датумите за Светското првенство во 2023 година. Турнирот ќе се одржи од 25 август до 10 септември, според официјалната веб-страница на организацијата.
Централниот совет на ФИБА се одлучи за времето на турнирот по консултација со земјите домаќини на Мундобаскет 2023.
Во групната фаза домаќини ќе бидат Индонезија, Јапонија и Филипини. Финалната фаза ќе се одржи во главниот град на Филипини, Манила. зс/