Мултимедијален проект „Керамикум во мермер“ од Емил Солески
- Мултимедијалниот проект „Керамикум во мермер“ на нашиот академски скулптор Емил Солески вечерва ќе биде поставен во Музејот на Северна Македонија. Според Солески, овој мултимедијален проект
Скопје, 15 октомври 2022 (МИА) - Мултимедијалниот проект „Керамикум во мермер“ на нашиот академски скулптор Емил Солески вечерва ќе биде поставен во Музејот на Северна Македонија.
Според Солески, овој мултимедијален проект ја има во фокус куќата - желбеник како трансцедентен објект на субјективното доживување.
-Керамикум...Неолит...Младо камено време, време на куќата како место во кое се концентрира и генерира нуклеусот на едно семејство и претставува центар во кој се дефинираат бројни вредности, тенденции и принципи, вели Солески.
Солески е роден во 1969 година во Прилеп. Студирал на Факултетот за ликовни уметности – Скопје, отсек вајарство во класата на проф. Бранко Конески, со конзервација и реставрација кај проф. Благоја Кузмановски. Дипломирал во 2002 година под менторство на проф. Жарко Башески.
Првата самостојна изложба со наслов „Ритам“ – 2002 година ја поставува во рамки на „Десет дена Крушевска Република“. Досега имал повеќе самостојни изложби во Прилеп, Крушево, Куманово, Кичево...Бил дел од повеќе групни изложби во земјава и во странство. мд/бак/