Мултимедијален инклузивен предбожиќен настан „Види ме“ во „Дајмонд мол“
- Мултимедијален инклузивен предбожиќен настан „Види ме“ ќе се одржи вечер во 18 часот во „Дајмонд мол“.
Скопје, 4 јануари 2024 (МИА) - Мултимедијален инклузивен предбожиќен настан „Види ме“ ќе се одржи вечер во 18 часот во „Дајмонд мол“.
Организатор е Коалицијата за застапување на правата на лицата со хендикеп „Менуваме“.
Настанот, кој е наменет за децата и родителите, ќе го отвори Дедо Мраз. Според програмата, ќе настапат Енерџи Бенд и Ѓоко Јовиќ, Влатко Лозановски - Лозано, Принц, Дарко и лице со попречен вид. Ќе бидат поделени подароци и пакетчиња за дечињата.
Организаторот информира дека настанот е поддршка и пример за инклузивност. мд/са/
Фото: Фејсбук на Коалиција „Менуваме“