• понеделник, 23 декември 2024

Мукоко најмлад играч во историјата на Бундеслигата со 10 голови

Мукоко најмлад играч во историјата на Бундеслигата со 10 голови
Дортмунд, 5 ноември 2022 (МИА) - Јусуфа Мукоко постави рекорд во Бундеслигата. Седумнаесетгодишниот напаѓач на Борусија Дортмунд постигна гол во осмата минута на натпреварот против Бохум. Овој гол беше вкупно десетти за напаѓачот во германскиот шампионат. Мукоко дебитираше во лигата во сезоната 2020/21. Со 10 првенствени голови, Мукоко стана најмладиот играч во историјата на Бундеслигата кој ја достигнал таа граница (17 години и 350 дена). До крајот на првото полувреме Мукоко уште еднаш се запиша во листата на стрелците и сега има 11 голови. зс/

Остани поврзан