• понеделник, 14 октомври 2024

Музика за Џими Хендрикс во изведба на ЗЏМ - биг бенд оркестар во Долни Сарај, Охрид

Музика за Џими Хендрикс во изведба на ЗЏМ - биг бенд оркестар во Долни Сарај, Охрид
Скопје, 6 август 2022 (МИА) - Здружението на џез музичари и слободни уметници – ЗЏМ Скопје, вечерва на локацијата на летната сцена Долни Сарај во Охрид ќе одржи концерт со изведба на дел од музиката на легендарниот Џими Хендрикс, еден од најпознатите рок - музичари на 20 век. „The Rock and Roll Hall of Fame“ ќе го опише Хендрикс како „веројатно најголемиот инструменталист во историјата на рок музиката“. Американскиот гитарист, пејач и текстописец се смета за еден од највлијателните гитаристи во историјата на популарната музика. -ЗЏМ Биг Бендот ќе изведе дел од музиката на оваа музичка легенда со биг бенд аранжмани, при што специјален гостин на концертот ќе биде италијанскиот саксофонист Франческо Беарцати, а со биг бендот ќе диригира Џијан Емин. Овој концерт е уште една причина да го посетите Охрид ова лето и да уживате во музиката на Џими Хендрикс, во волшебниот амбиент на Долни Сарај, наведуваат од Здружението на џез музичари и слободни уметници. Концертот ќе почне во 22 часот, а билетите може да се набават онлајн на https://www.kupikartizase.com/Events/zjm_ohrid и на следните продажни места https://www.kupikartizase.com/Home/SalesLocations . вг/бак/      

Остани поврзан