• петок, 02 јануари 2026

Муамер Сефери е новиот в.д. директор на ЈП „Паркови и зеленило“

Муамер Сефери е новиот в.д. директор на ЈП „Паркови и зеленило“

Скопје, 2 јануари 2026 (МИА) - Муамер Сефери официјално ја презеде функцијата вршител на должноста директор на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“. Тој доаѓа на оваа позиција како кадар на Коалицијата ВРЕДИ, односно од Движењето БЕСА.

​Информацијата ја потврди самиот Сефери преку објава на социјалните мрежи, нагласувајќи дека оваа позиција за него претставува „голема доверба и сериозна обврска“.

​Во своето прво обраќање, новиот в.д. директор најави дека ќе работи во интерес на јавното добро.

-Оваа функција претставува голема доверба и сериозна обврска да работам со посветеност, транспарентност и професионализам во служба на граѓаните и јавниот интерес. Убеден сум дека преку чесна работа, ефикасно менаџирање и институционална соработка, ќе постигнеме конкретни резултати во подобрувањето на зелените површини и јавните услуги, порачува меѓу другото новиот в.д. директор Сефери. фф/вг/

Фото: Фејсбук на Муамер Сефери

Остани поврзан