• понеделник, 23 декември 2024

МТСП: 20 aвгуст неработен ден за граѓаните на општините Маврово и Ростуша, Центар Жупа и Тетово

МТСП: 20 aвгуст неработен ден за граѓаните на општините Маврово и Ростуша, Центар Жупа и Тетово

Скопје, 18 август 2022 (МИА) - Согласно заклучокот на 69 седница на Владата на Република Северна Македонија, 20 aвгуст 2022 година (сабота) е неработен ден за граѓаните на општините Маврово и Ростуша, Центар Жупа и Тетово, заради непречено спроведување на изборите за градоначалник на Општина Маврово и Ростуша, градоначалник на Општина Центар Жупа и членови на Советот на Општина Тетово.

Овој ден, како што информираат од Министерството за труд и социјална политика, нема да се одработува, имајќи го предвид Изборниот законик. дма/са/

 

Остани поврзан