• сабота, 10 август 2024

Мртва трка меѓу САД и Кина на листата медалисти на Олимпијадата 2024

Мртва трка меѓу САД и Кина на листата медалисти на Олимпијадата 2024

Париз, 9 август 2024 (МИА) – На два дена до завршувањето на Олимписките игри во Париз, Американците и Кинезите се во мртва трка за лидерското место во поредокот на медалистите.

По денешниот ден САД се на првата позиција со 33 златни медали, еден повеќе од натпреварувачите од Кина.

Австралија е трета со 18 злата, Јапонија има 16, Велика Британија и Франција по 14.

Дфоцирен број најсјајни одличја имаат уште Јужна Кореја и Холандија по 13, Германија 12 и Италија 11.

Вкупно 60 држави имаат освоено златен медал, а каков било медал воопшто 88 земји.

Според вкупниот број медали исто така први се САД со 111, пред Кина со 81 и Австралија со 48. зс/

Фото: ЕПА   

Остани поврзан