• недела, 22 декември 2024

Мојс, Сари и Терзиќ главни кандидати за тренерското место во Милан

Мојс, Сари и Терзиќ главни кандидати за тренерското место во Милан

Милано, 19 септември 2024 (МИА) – Раководството на Милан преку посредници веќе контактирало со неколку тренери кои можат да го наследат Пауло Фонсека под чие водство тимот не ги постигнува очекуваните резултати. 

Како што пренесува „Football Italia“, Росонерите преку агенти понудиле да го назначат Дејвид Мојс за шеф на стручниот штаб. Шеесет и едногодишниот фудбалски стручњак моментално е без клуб по заминувањето од Вест Хем.

Претходно се дозна дека Милан би можел да го отпушти Пауло Фонсека доколку го загуби дербито со Интер во следното коло на Серија А.

Покрај Мојс, можни кандидати за тренерското место се и Един Терзиќ, Маурицио Сари. 

Сари е поранешен тренер на Челзи, Јувентус, Наполи и Лацио, додека Терзиќ со успех ја предводеше Борусија Дортмунд. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан