• сабота, 23 ноември 2024

„Моцарт“ ќе донира два милиони денари за двата постигнати погодоци на Пандев и Алиоски

„Моцарт“ ќе донира два милиони денари за двата постигнати погодоци на Пандев и Алиоски
Скопје, 22 јуни 2021 (МИА) - Во рамките на акцијата „Милион причини за гол“ со кои компанијата „Моцарт“ најави дека за секој погодок на нашите репрезентативци ќе донира милион денари во хуманитарни цели, ќе бидат донирани два милиони денари за головите кои Горан Пандев и Езѓан Алиоски ги постигнаа на Европското првенство во фудбал, против Австрија, односно Украина. Од компанијатаа соопштуваат дека промотерот на кампањата, македонската фудбалска легенда Дарко Панчев, предложил парите да се донираат во две здруженија, односно Здружението за борба против рак, „Борка“, и Здружение на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби,„Дајте ни крилја“. Од „Моцарт“ во соопштение наведуваат дека како општествено одговорна компанија редовно организираат хуманитарни акции, како што се „Нови дресови за нови шампиони“, „Хуманитарен тикет за викенд“. ар/лв/

Остани поврзан