• понеделник, 09 март 2026

Мота би можел да биде назначен за тренер на Тотенхем

Мота би можел да биде назначен за тренер на Тотенхем

Рим, 8 март 2026 (МИА) - Поранешниот тренер на Јувентус, Тијаго Мота, се разгледува за функцијата во Тотенхем.

Според „Кориере дело Спорт“, сегашниот тренер на Спарс, Игор Тудор, би можел да ја изгуби својата позиција поради лошите резултати на тимот. 

Четириесет и двегодишниот Мота се смета за водечки кандидат.

Тотенхем е на 16-то место на табелата во Премиер лигата со 29 бода, само еден бод повеќе од екипите кои се наоѓаат во „Зоната на испаѓање“.

Мота е без ангажман од март 2025 година, кога го напушти Јувентус. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан