• петок, 22 ноември 2024

Москва тврди дека експлозиите на Крим се саботажа

Москва тврди дека експлозиите на Крим се саботажа
Москва, 16 август 2022 (МИА) - Руското Министерство за одбрана соопшти дека експлозиите во складиштето за муниција на Крим се саботажа. - Утрото на 16 август, како резултат на саботажа, оштетено е воено складиште во близина на Џанкој. Нема потешко повредени лица. Се преземаат потребни мерки за отстранување на последиците од саботажата, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана. Но, не е соопштено дали е оштетена или уништена воената опрема и муницијата. Изутринава имаше информации дека две лица се полесно повредени во серија експлозии предизвикани од пожар што зафатил складиште за муниција во близина на населеното место Мајско во областа Џанкој на полуостровот Крим. Регионалниот шеф на Крим, Сергеј Аксјонов соопшти дека две цивилни лица се полесно повредени во инцидентот, како и оти се евакуирани околу две илјади жители од Мајско. Попладнево има информации за нови експлозии на Крим. бд/

Остани поврзан