Москва планира да му даде на Пјонгјанг напредна сателитска технологија, тврди Блинкен
- Русија планира да ја прошири соработката во областа на вселенските истражувања со Северна Кореја, како дел од договор за воена поддршка, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Сеул, 6 јануари 2025 (МИА) - Русија планира да ја прошири соработката во областа на вселенските истражувања со Северна Кореја, како дел од договор за воена поддршка, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
- КНДР веќе добива руско воено оружје и обука. Имаме причина да веруваме дека Москва планира да сподели напредни технологии за сателити со Пјонгјанг, рече Блинкен на прес-конференција во Сеул.
САД сметаат дека Русија би можела да го признае нуклеарниот статус на Северна Кореја, додаде Блинкен.
На заедничка прес-конференција, Блинкен и неговиот јужнокорејски колега Чо Те-Џул го осудија тестирањето на балистичка ракета од Северна Кореја, нагласувајќи дека тоа ги прекршува резолуциите на ОН. ссм/
фото: ЕПА