• понеделник, 23 декември 2024

Монако му понуди на Белоти 3,5 милиони евра по сезона и договор на четири години

Монако му понуди на Белоти 3,5 милиони евра по сезона и договор на четири години
Рим, 3 јули 2022 (МИА) – Италијанскиот фудбалер Андреа Белоти може да ја продолжи кариерата во Монако. Според „RMC Sport“, повикувајќи се на „La Repubblica“, клубот од француската Лига 1 на играчот од нападот му понудил 3,5 милиони евра годишно, а страните се блиску до договор. Договорот со играчот кој го напушти Торино како слободен играч ќе биде на четири години. Во исто време, Белоти повеќе би сакал да остане во Серија А. За седум години во Торино, Италијанецот постигна 113 гола. зс/

Остани поврзан