Монако го продолжи договорот со Минамино
- Фудбалерот од средниот ред на Монако, Такуми Минамино го продолжи договорот со клубот, објави прес-службата на „Монегаски“.

Монте Карло, 5 март 2025 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Монако, Такуми Минамино го продолжи договорот со клубот, објави прес-службата на „Монегаски“.
Новиот договор на 30-годишниот Јапонец е со важност до летото 2027 година.
Минамино игра за Монако од летото 2022 година. Тој одигра 89 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 16 гола и 15 асистенции.
Фудбалерот претходно играше за Ливерпул, Саутемптон, Салцбург и Серезо Осака. зс/
Фото. ЕПА