• понеделник, 23 декември 2024

МОЛ купи повеќе од 400 бензински пумпи во Полска

МОЛ купи повеќе од 400 бензински пумпи во Полска
Будимпешта, 12 јануари 2022 (МИА) - Унгарската нафтена и плинска компанија МОЛ денеска соопшти дека од полските фирми Лотос и ПКН Орлен купи повеќе од 400 бензински пумпи во Полска. МОЛ купи 417 бензински пумпи од Лотос во Полска за 610 милиони долари, а од ПКН Орлен за 259 милиони долари купи 185 бензински пумпи во Унгарија и во Словачка. - Аквизицијата ќе ни обезбеди пристап до најголемата економија во Централна и во Источна Европа и до речиси 40 милиони потенцијални купувачи на нашите производи и услуги, изјави извршниот директор на МОЛ, Золт Хернади. По најновата аквизиција, МОЛ ќе има вкупно 2.390 бензински пумпи, надминувајќи ја целта за проширување на малопродажната мрежа во Централна и во Источна Европа на 2.200 до 2025 година. Трансакцијата мора да биде одобрена од страна на Европска комисија. ми/  

Остани поврзан