• петок, 22 ноември 2024

Русија му врачи протестна нота на молдавскиот амбасадор за „непријателските постапки“ на неговата земја

Русија му врачи протестна нота на молдавскиот амбасадор за „непријателските постапки“ на неговата земја

Москва, 11 јануари 2024 (МИА) - Министерството за надворешни работи на Русија вчера го повика молдавскиот амбасадор и му врачи протестна нота против „непријателските постапки“ на про-европската влада на поранешната советска држава и соопшти дека се забранува влез на голем број граѓани на Молдавија.

Во соопштението на Министерството за надворешни работи се осудува „системската природа“ на дејствијата, за кои се вели дека биле насочени против руските граѓани, вклучително и новинари.

„Молдавското раководство продолжува да дава агресивни антируски изјави“, се вели во соопштението.

Молдавската претседателка Маја Санду ја осуди руската инвазија на Украина. Минатиот месец, Парламентот на Молдавија ја одобри новата одбранбена стратегија која ги именува Русија и корупцијата како две најголеми закани за безбедноста на земјата.

Министерството за надворешни работи на Молдавија соопшти дека член на претседателскиот тим, владини претставници и новинари се меѓу луѓето на кои им е забранет влезот во Москва. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан