• петок, 02 јануари 2026

Молдавија ја повика Русија на одговорност за нарушување на воздушниот простор со дронови

Молдавија ја повика Русија на одговорност за нарушување на воздушниот простор со дронови

Кишињев, 27 ноември 2025 (МИА) - Молдавија вчера го повика рускиот амбасадор за да изрази остар протест поради најновото нарушување на нејзиниот воздушен простор од руски дронови и ја повика Москва да преземе мерки за спречување на понатамошни вакви случаи.

Молдавија постави урнат руски дрон пред Министерството за надворешни работи како драматична дипломатска порака до рускиот претставник.

Проевропската Влада на Молдавија го осуди упадот на руските сили во Украина и ја обвинува Москва за обиди за дестабилизација на Молдавија, која се наоѓа меѓу Украина и Романија.

Молдавските власти во вторникот забележале нарушување на нејзиниот воздушен простор од шест руски дронови.

Министерството за надворешни работи на Молдавија соопшти дека инцидентот е „апсолутно неприфатлив“ и претставува „сериозно кршење на молдавскиот суверенитет и директна закана за националната и регионалната безбедност“. ссм/мс/

фото: принтскрин

Остани поврзан