• петок, 22 ноември 2024

Молдавија не планира да прими авиони наменети за Украина

Молдавија не планира да прими авиони наменети за Украина

Кишињев, 13 август 2024 (МИА) - Министерството за надворешни работи на Молдавија соопшти дека Кишињев не планира да прими авиони наменети за Украина, откако руското Министерство за надворешни работи се повика на извештаите дека авионите Ф-16 ќе бидат базирани во Молдавија.

„Молдавија нема да биде домаќин на оружје и воена опрема, вклучително и авиони наменети за Украина“, се вели во соопштението на Кишињев.

Се посочува дека му препорачува на руското Министерство да добие информации од официјални извори. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан