• недела, 22 декември 2024

Моди: Мајката Земја бара од нас да ја заштитиме нејзината иднина

Моди: Мајката Земја бара од нас да ја заштитиме нејзината иднина

Дубаи, 1 декември 2023 (МИА) – На земјите во развој им треба фер дел од буџетот за јаглерод, истакна индискиот премиер Нарендра Моди на климатската конференција КОП28 во Дубаи, укажувајќи на потребата од технологија и финансии за борба против климатските промени.

- Мораме да се издигнеме над личниот интерес и да ја пренесеме технологијата на другите, рече тој.

- Мајката Земја бара од нас да ја заштитиме нејзината иднина, нагласи Моди.

Индискиот премиер ги повтори амбициозните национални заложби на неговата земја – да ги намали емисиите за 45 проценти до 2030 година, во споредба со 2005 година, да се зголеми уделот на нефосилните горива во енергетската кошничка на земјата на 50 проценти до 2030 година и да стане јаглеродно неутрална до 2070 година.

На самитот во Дубаи учествуваат претседатели, премиери, експерти, активисти и лобисти за фосилни горива.

Според ОН, овогодишните разговори за климата КОП28 организирани од Обединетите Арапски Емирати се најголеми досега со околу 97.000 регистрирани учесници.

Ова ја прави конференцијата во Дубаи речиси двојно поголема од минатата година во Египет, која беше домаќин на околу 50.000 учесници. јт/

Фото: ДПА

Остани поврзан