• среда, 17 јули 2024

Модерно детско игралиште и терен за баскет во кривопаланечката населба Лозаново

Модерно детско игралиште и терен за баскет во кривопаланечката населба Лозаново
Крива Паланка, 23 септември 2022 (МИА) - Најмладите жители на кривопаланечката населба Лозаново од денеска ќе можат да уживаат на новото, модерно, детско катче и баскет теренот уреден со донација од Државна Лотарија и кофинансирање од страна на општината. Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски истакна дека работи посветено на поставување детски игралишта во секоја населба за време на мандатот. Тој нагласи дека општината работи на обезбедување проектна документација за уште 10 нови детски игралишта.
- Реализирано е уште едно предизборно ветување, второ детско урбано катче во општината е поставено и уредено за неполна година. Населба Лозаново е населба со најмногу дечиња во општината и поради тоа, од денеска има современо урбано детско катче и спортски терен за баскет. Ова е засега најубаво и најмодерно детско игралиште во градот, а кошаркарскиот терен ќе го надополни за сите дечиња што го сакаат овој спорт по кој градот е препознатлив. Но, мојата интенција е интензитетот на поставување игралишта за деца да биде поголем, па во моментот се проектираат вакви слични детски катчиња за повеќе од десет градски населби. Нема поубаво чуство кога знаеш дека твојата енергија ја трошиш за среќата и радоста на дечињата, изјави Митовски.
До крајот на мандатот, посочи градоначалникот, негова цел е секое урбано место да добие вакво слично детско катче. ид/фф/

Остани поврзан