МНТ ги откажа претставите вечер и утревечер
- Македонскиот народен театар ги откажува претставите кои се на репертоарот вечер и утревечер поради убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежоски.

Скопје, 4 декември 2023 (МИА) - Македонскиот народен театар ги откажува претставите кои се на репертоарот вечер и утревечер поради убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежоски.
Откажана е вечерашната претстава „Кец на десетка“ и утрешната „Животот е прекрасен“.
-Поради настанот коj длабоко ја потресе целата јавност, Македонскиот народен театар сочувствува со семејствата на починатите и ги откажува изведбите на претставите, соопшти МНТ. хс/бак/
Фото: МИА архива