• сабота, 21 декември 2024

МНР: Вратени уште 180 македонски граѓани со лет од Берлин и Бон

МНР: Вратени уште 180 македонски граѓани со лет од Берлин и Бон
Скопје, 2 април 2020 (МИА) - Министерството за надворешни работи информира дека денеска беше организиран лет за репатријација на вкупно 180 македонски граѓани од Берлин и Келн/Бон. Со ова, бројката на репатрирани македонски граѓани во организација на МНР, генералниот секретаријат на Владата, МВР и Министерството за здравство заклучно со денеска, изнесува 2.200 граѓани, кои претходно се изјасниле дека прифаќаат задолжителен државен карантин и учество за плаќање на цената за авио билетот. - На летот од Скопје за Берлин помогнавме и на 163 странски државјани од земјава да се упатат кон своите домови, стои во соопштението на МНР. Министерството за надворешни работи упатува благодарност кон надлежните власти во Германија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово/НАТО, Србија, Германија и Австрија за соработката при издавање на дозволи за прелет и целокупната поддршка во овие отежнати околности. МНР во соопштението додава дека продолжува со напорите за враќање во земјава на затекнатите македонски граѓани во странство. нд/бак/

Остани поврзан