МНР: Во НАТО земјите – членки се обележуваат со првите две букви од името на земјата
- Информираме дека појавените информации за промена во начинот на кој Република Северна Македонија се именува или обележува во НАТО, преставуваат тенденциозна шпекулација наменета за нарушување

Скопје, 20 април 2022
Информираме дека појавените информации за промена во начинот на кој Република Северна Македонија се именува или обележува во НАТО, преставуваат тенденциозна шпекулација наменета за нарушување на угледот и на земјата и на Алијансата.
Според правилата на НАТО, кои донесени далеку пред нашето членство, за протоколарни потреби земјите се означуваат со целосните имиња, и тоа соодветно на транскрипцијата во англиската азбука (English Alphanumerical), освен кога тоа е технички неизводливо.
Со цел да не се промени редоследот, земјите – членки се одбележуваат со првите две букви од името на земјата, и тоа, доколку е тоа со еден збор, или со првите букви од двата збора, како во нашиот случај кога името е од повеќе зборови.
Целта на ова правило е соодветно да се адаптираат целосните имиња на земјите без притоа да се наруши азбучниот ред на англиски јазик по кој се подредени земјите, што, пак, е исто така правило во рамките на Алијансата.
Согласно горенаведеното, за Северна Македонија (North Macedonia) се користи кратенката NM, a соодветно, според азбучниот ред, земјава се наоѓа меѓу Холандија (Netherlands - NE) и Норвешка (Norway - NO).
Истото правило кое важи за нас, посочуваме дека е применето и за кратенките кои се користат за некои други земји – Турција (TU), Германија (GE), Данска (DE), кои исто така не соодветствуваат со нивните ISO кодови.
Што се однесува до интерните акти на Алијансата, онаму каде е тоа специфично наведено, се користат кратенките од ISO системот, каде нашата држава редовно е обележана со соодветните ISO кодови – МК и МКД.
Министерство за надворешни работи
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.