МНР во боите на американското знаме по повод 26-годишнината од дипломатските односи со САД
- Денеска одбележуваме 26 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Северна Македонија и САД. По тој повод, ја изложивме Декларацијата за стратешко партнерство заедно со знамињата на д

Скопје, 13 септември 2021 (МИА) - Денеска одбележуваме 26 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Северна Македонија и САД. По тој повод, ја изложивме Декларацијата за стратешко партнерство заедно со знамињата на двете земји и ја осветливме зградата на Министерството за надворешни работи во боите на американското знаме, објави шефот на дипломатијата Бујар Османи на својата фејсбук страница.

- Високо ја цениме континуираната поддршка на САД за остварување на нашите стратешки цели и остануваме посветени на заложбата за зајакнување на стратешкото партнерство и унапредување на билатералните односи и соработка меѓу двете земји, истакнува Османи. нд/бабк/