Млад моторциклист жртва во сообраќајната несреќа кај Охрид
- Моторциклист го загуби животот во сообраќајната несреќа што попладнево се случи на магистралниот пат што ги поврзува Охрид и Свети Наум.

Охрид, 8 март 2025 (МИА) – Моторциклист го загуби животот во сообраќајната несреќа што попладнево се случи на магистралниот пат што ги поврзува Охрид и Свети Наум.
Според информациите од СВР – Охрид, информацијата за несреќата била дојавена до полицијата попладнево околу 14 часот, за настаната сообрајна незгода на крстосницата кај населбата Рача.
До несреќата дошло при судар на патничко моторно возило „Мазда“ со охридски регистарски ознаки управуванo од Д.Н. (76) од струшкото село Враништа и моторцикл со охридски регистарски ознаки, управуван од Ј.Ц.(27) од Охрид.
Притоа на лице место загинал младиот моторциклист од Охрид, а смртта ја констатирал лекар од охридската Служба за итна медицинска помош.
Сообраќајот на магистралниот патен правец е во прекин, а полициска екипа во присуство на јавен обвинител врши увид на местото на незгодата. Инаку, поради празничниот викенд моментално сообраќајот на тој патен правец е со засилен интензитет, со голем број возила на гости и туристи. аб/лв/
фото/МИА